Чешката полиција ги претресе просториите на фудбалскиот сојуз и уапси 20 лица

Истрагата која се води во Чешка, во врска со наместени натпревари, ја натера тамошната полиција да направи претрес на просториите на фудбалскиот сојуз.

Уапсени се дваесет лица кои се обвинети за учество во местенки. Шеснаесет за примање, три за давање мито, а едно лице за двете дела. Во прашање се наместени натпревари од третата лига.

„Полицијата денес започна кривична постапка против 20 лица во врска со организирана криминална група активна во местење натпревари“, рече обвинителката Ленка Брадачова.

Рацијата е спроведена на неколку локации, но сè уште нема конкретни детали од истата.