ВИДЕО: Чешка им продаде бразилска финта на „кариоките“ за делириум во Прага! 

Фудбалската репрезентација на Чешка има големо водство од 1-0 по првото полувреме против големиот фаворит селекцијата на Бразил.

Во Прага домашните фудбалери одлично им парираат на поранешниот светски шампион, а во 37. минута им продадоа „бразилска“ финта на „кариоките“ за делириум на присутната публика на трибинтие во Прага. Шик магично со пета го проигра Павелка, кој па фудбалски од прва распали по голот на Алисон.

Прекрасниот гол на Павелка против Бразил: