Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Мартин Ѓорѓиевски, и официјално е претставен во новиот клуб во Чешка, каде што потпиша договор со второлигашот Збројовка Брно. За него ова ќе биде прв меѓународен предизвик, а претходно настапуваше за екипата на Брера од Струмица.