Червар не може да верува како Хајдук губи на „Пољуд“: Никогаш не би загубил натпревар

Легендарниот хрватски ракометен тренер, Лино Червар, при едно гостување во национална телевизија меѓу другото зборуваше и на фудбалски теми.

Тој накратко се осврна на Хајдук од Сплит, кој оваа сезона ја заврши на разочарувачкото трето место во домашниот шампионат. Червар смета дека Хајдук не треба да ги губи домашните натпревари пред 30.000 луѓе во Пољуд.

Тој се присети на некои претходни времиња.

„Да имам полн стадион, 30.000 луѓе во Сплит, да загубиме натпревар... Па, ако ми дојде Локомотива, било кој... нема шанси да загубам! Тоа не може да се случи. Никогаш не би загуби натпревар на „Пољуд“.

Тренерската работа е уметничка работа. Тренерот има нешто посебно што не го гледате. И тогаш го суди некој што нема поим од спорт“, рече Червар.

Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија од 2021 година е без ангажман. Последна функција му беше селектор на Хрватска.