• Зоран Мишевски
Челзи во вториот пријателски натпревар воден од Антонио Конте ја забележа првата победа и во Австрија го совлада тимот на Волфсбергер со 0-3 (0-1). Белгиецот Бачуаји ги одигра првите минути за екипата од Лондон, а головите за „сините“ ги постигнаа Траоре во првото полувреме. а Лофтус Чик и Шалоба во вториот дел.
Нова победа, трета на исто толку тест мечеви издвојува Ливерпул на Јирген Клоп, кој го победи Хадерсфилд Таун со 0-2 (0-1) со головите на Србинот Грујиќ и на Алберто Морено од пенал.