Челзи „во лов“ на супер талент на Реал Мадрид

Реал Мадрид би можел да остане без еден од своите најталентирани фудбалери. Роман Абрамовиќ сака во своите редови да го доведе 18-годишниот напаѓач Борха Мајорал, кој дебитираше за „кралскиот клуб“ на мечот против Лас Палмас.

Раководството на гигантот од Мадрид веќе имаше подготвено договор за својот „вундеркинг“, но во последен момент се вмешаа „сините“ од Лондон, убедувајќи го младиот напаѓач да се пресели во Челзи.

Борха ги помина сите категории на „црвената фурија“, а за Б-тимот на Реал Мадрид на 24 натпревари постигна 11 гола. Сепак раководството на Реал Мадрид се надева дека ќе го убеди својот супер талент да остане на „Сантијаго Бернабеу“.