ВИДЕО: Челзи со два гола во финишот слави пресврт-победа против Кардиф

Во првиот денешен натпревар од 32. коло во Премиер лигата, фудбалерите на Кардиф Сити беа пред големо изненадување, но примија два гола во последните десет минути и на крајот се поразени од Челзи со 1-2 (0-0).

По почетното испитување на силите, „сините“ ја презедоа иницијативата и константно притискаа кон домашниот голман. За разлика од Челзи, домаќините беа ориентирани на контри, кои завршуваа безуспешно. Во 38. минута Вилијан одлично биеше од слободен удар, но за среќа по тимот од Велс неговиот обид заврши покрај стативата.

Почектокот на вториот дел беше шокирачки за избраниците на Маурицио Сари, откако Виктор Камараса со прекрасен волеј-удар го матира гостинскиот голман (1-0).

По примениот погодок Сари во игра го внесе Азар, а иако во продолжение лондончани имаа иницијатива не успеваа посериозно да го загрозат домашниот голман. Кардиф одолеваше на гостинските напади се до 84. минута, кога Цезар Аспиликуета ја искористи асистенцијата од Маркос Алонсо и ирамни на 1-1. По израмнувачкиот погодок гостите фрлија се на напад, а во 91. минута Рубен Лофтус-Чик погоди за 1-2 и донесе пресврт-победа за својот тим.

Во следното коло Челзи ќе го пречека тимот на Брајтон, а Кардиф битката за опстанок ќе ја продолжи на гостински терен против Манчестер Сити.