ВИДЕО: Челзи со два гола го реши Шефилд за полуфинале во ФА Купот

Фудбалерите на Челзи победија на домашниот дуел од четвртфиналето на ФА Купот против Шефилд Јунајтед со 2-0 (1-0), со што рутински ја исполнија целта. Избраниците на Томас Тухел без многу потешкотии се справија со аутсајдерот и ќе играат во фазата на четири најдобри екипи во Купот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Иако не играа претерано добро, фудбалерите на Челзи со малку среќа стигнаа до предност од 1-0 во 24. минута. По корнер, топката заврши кај Бен Чилвел, тој шутна кон голот, а на патот се најде Оливер Норвуд, кој си ја смести во мрежата. Првото полувреме понуди уште една добра шанса, но Кристијан Пулишиќ не успеа да го совлада Ремсдејл. 

Истиот фудбалер прв се закани и во продолжението, ама и вторпат голманот на Шефилд му го одбрани ударот. На спротивната страна своите шанси не ги искористија МекГолдрик, МекБурни и Брустер, па гостите имаат за што да жалат. Казната за промашувањата стигна преку Хаким Зијеч, кој во 92. минута ги постави конечните 2-0. 

Во полуфиналето, покрај Челзи, веќе се пласираа Саутемптон и Манчестер Сити, додека последниот патник ќе се бара во дуелот на Лестер со Манчестер Јунајтед