• Иван Димовски
Фудбалерите на Челзи славеа на гостувањето кај Копенхаген (1-2) во осминафиналето на Конференциската лига и со предност ќе го дочекаат реваншот на домашно тло. „Сините“ од Лондон стигнаа до овој триумф потешко од очекуваното, бидејќи наидоа на квалитетен дефанзивен бедем, добро организиран домаќин и немаше голови во првиот дел.
- Копенхаген - Челзи 1-2:
Отпорот на Данците го скрши Рис Џејмс со гол за 0-1 во 47. минута од натпреварот. Водството потоа успеа да го удвои Енцо Фернандез и во завршницата се очекуваше рутинска завршница. Последните минути интересни ги направи Габриел Переира со гол за 1-2 во 80. минута. Сепак, Копенхаген немаше сили за кам-бек против фаворитот.
Изненадувачки пораз претрпе Фиорентина на гостувањето кај Панатинаикос од 3-2 (2-2). Исклучително ефикасен натпревар се одигра на „Олимпискиот стадион“ во Атина, а домашните навивачи уживаа во голема победа на своите миленици. ПАО поведе со головите на Свидерски и Максимовиќ во 5. и 19. минута. Сепак, радоста тогаш траеше кратко, бидејќи Белтран во 20. и Фаџоли во 23. минута донесоа егал. Во завршницата на првиот дел имаше поништен гол за Италијанците, а потоа на стартот на вториот дел Тете донесе победа за грчкиот претставник.
- Панатинаикос - Фиорентина 3-2:
Ефикасно беше и на „Бенито Виљамарин“, каде што Бетис одигра нерешени 2-2 против Виторија Гимараеш. По првиот дел без погодоци, односно со еден поништен поради офсајд, стрелците се распукаа во второто полувреме. Бакамбу донесе предност за Бетис, но набргу Мендез израмни. Одново домашните фанови ги израдува Иско, а во финишот Оливеира стрелаше за конечните 2-2.
- Бетис - Виторија Гимараеш 2-2:
Победа забележа и екипата на Молде против Легија од 3-2 (3-0). Во првиот дел за домашните погодуваа Хестад, Ериксен и Гулбрандсен, а потоа Чодина и Лукинас ја вратија полската екипа во игра, но немаа сили за кам-бек.
- Молде - Легија 3-2:
Реваншите од осминафиналните натпревари во Лига Европа се играат следниот четврток.