Челзи се откажува од Халанд и тргнува по Левандовски

Левандовски

Челзи има потреба од напаѓачко име, а Томас Тухел не планира да го чека трансферот на Ерлинг Халанд.

Борусија Дортмунд не попушта и не сака да се ослободи од својата прва ѕвезда. Бундеслигашот веќе прифати продажба на Џејдон Санчо, но е упорен во обидот да го задржи Норвежанецот.

Поради тоа лондонскиот клуб се насочи кон уште еден елитен голгетер. Се работи за Роберт Левандовски за кого ќе понуди 60 милиони евра. Полскиот репрезентативец постигна многу успеси во Баерн Минхен. Минатата сезона го сруши и легендарниот Герд Милер во домашното првенство, а се наоѓа и во завршната фаза од кариерата.

Возраста на Левандовски и понудата од Лондон би можеле да го натераа германскиот првак да се одлучи за продавање на својот прв напаѓач.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.