ВИДЕО: Челзи се намачи кај Кристал Палас, но не го дава местото во ЛШ

Фудбалерите на Челзи се намачија да ги освојат бодовите на „Селхрст Парк“, каде со 2-3 го победија Кристал Палас во средбата од 3 коло на Премиер лигата. Момците на Лампард во два наврати поведуваа со два гола предност, но тимот предводен од Рој Хоџсон одбиваше да го „положу оружјето“ и пружи тешка битка. 

Челзи со денешниот триумф се искачи на третата позиција од табелата, откако го мина Лестер кој подоцна гостува кај Арсенал.

  • Кристал Палас - Челзи 2-3: 

Челзи очекувано тргна подобро и уште на самиот старт покажа дека е дојден по бодовите од овој натпревар. Резултатот беше отворен уште во шестата минута, кога Оливие Жиру се запиша меѓу стрелците. Бразилецот Вилијан имаше среќа и остана сам на десната страна, по што го проигра искусниот напаѓач, кој лесно реализираше за 0-1. 

Веќе во 27. минута Челзи поведе и со 0-2, преку Кристијан Пулишиќ кој го даде третиот гол по рестартот на шампионатот, а одново на асистенција од Вилијан. 

Вистинска атракција направи Вилфред Заха, кој бргу ја врати надежта за Кристал Палас. Напаѓачот доби топка на средината од теренот од Ван Анхолт, повлече напред и од преку 25 метри биеше прецизно и неодбранливо за Кепа. 

Иако домашниот тим подобро тргна по паузата, не успеа да ги искористи можностите, па казната стигна на спротивната страна. Лофтус Чик убаво го проигра Тами Абрахам, кој го совлада Гуаита во 71. минута за прекин на својот „пост“ од голови и 1-3. 

Сепак, Палас не се откажа лесно и веќе во наредната акција намали одново на еден гол негатива. Левиот бек Ван Анхолт добро проби ја мина одбраната и му ја „сервираше“ топката на Бентеке пред празната мрежа на Челзи за 2-3.

Домаќинот немаше среќа и во последните секунди од натпреварот погоди статива по една мешаница пред голот на Кепа, кој едвај успеа да ја спаси својата мрежа. 

Дани Велбек беше херој на Вотфорд во пресврт победата над Норич Сити од 2-1, откако со атрактивни ножички го доби мечот за својот тим. „Канаринците“ поведоа уште во четвртата минута преку Буендиа, но домаќинот бргу израмни. Потоа во вториот дел, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед со првиот гол по речиси две години ги донесе бодовите за Вортфорд.

  • Вотфорд - Норич Сити 2-1: