Челзи сака одмазда со Лестер, битката за ЛШ се вжештува

Дуелот на директните конкуренти во борбата за местата што водат во Лигата на шампионите ќе претставува воедно и своевидна реприза на неодамна одиграното финале во ФА Купот. Саботниот дуел на „Вембли“ им припадна на „лисиците“ со голот на Тилеманс, а можноста за реванш ќе биде мотив повеќе за избраниците на Томас Тухел, со фактот дека евентуален пораз ќе му даде можност на Ливерпул да ги стигне во трка за најсветлата меѓународна сцена.

Со поразот во финалето на ФА Купот, „сините“ ја пропуштија можноста да стигнат до првиот трофеј под команда на германски стратег, а важна задача за Тухел ќе биде да ги подготви избраниците на психолошки план за да го заборават неодамнешниот пораз, но и од мислите да го исклучат фактот дека ги очекува финале во Лигата на шампионите.

Сите квоти за натпреварот меѓу Челзи и Лестер

Впрочем, натпреварот со Манчестер Сити може да биде втора шанса за ново учество во Лигата на шампионите, па влогот пред Лестер е многу поголем, со оглед на тоа што само две победи му гарантираат настап на меѓународната сцена.

Иако Челзи покажа целосно ново лице во текот на актуелната полусезона и стана тим за високи достигнувања дури и надвор од Островот, пред Лестер, болките на лондонскиот клуб ги откри Арсенал со победата од 1-0 на „Стемфорд Бриџ“, а дека „сините“ знаат да се сопнат на свој терен пред два месеци покажаа и Вест Бром (2-5), па Порто (0-1) и Брајтон (0-0). Од друга страна, Лестер не може да се пофали со идеален учинок на гости, имајќи предвид дека загуби бодови на дури пет од претходните десет натпревари надвор од својот дом, што многу влијаеше на пласманот во Лигата на шампионите.

Квоти за сите останати натпревари од Премиер лигата

Кога станува збор за традицијата, досегашните меѓусебни дуели беа обележани со тврда и неизвесна игра, а имајќи ги предвид влоговите, сличен пристап треба да се очекува и на натпреварот од 37-то коло во Премиер лигата.