Челзи сака да го „бетонира“ Рис Џејмс

Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс наскоро ќе го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека 22-годишниот репрезентативец на Англија ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2028 година.

Шпанските и островските медиуми неодамна пишуваа дека Реал Мадрид е заинтересиран за талентираниот дефанзивец, но раководството на клубот од Лондон сака во новиот договор да вклучи опција за продолжување на соработката за уште една сезона, а преговорите влегуваат во завршна фаза.

Џејмс порасна во Челзи, а оваа сезона игра во одлична форма и досега има запишано еден гол и една асистенција на пет натпревари во Премиер лигата.

Неговиот актуелен договор со „сините“ истекува во летото 2025 година.