ВИДЕО: Челзи продолжува да везе во Премиер, Абрахам и Пулушиќ го средија Кристал Палас

Екипата на Челзи продолжува со фантастичните игра во овој период во Премиер лигата и на отворањето на 12. коло ја запиша шестата победа во низа, по која барем за момент се искачи на втората позиција на табелата во англискиот шампионат. 

На „Стемфорд Бриџ“ оружјето го положи градскиот ривал Кристал Палас, кој тотално беше надигран од пулените на Френк Лампард и може да биде задоволен што на крај загуби со само два примени гола (2-0). 

  • Извештај од натпреварот: 

Полетниот Челзи уште од самиот старт на мечот започна да ја плети мрежата на Гуеита, но немаше среќа во реализацијата во првото дел, па затоа мразот беше скршен во 52. минута, откако по една мајсторска асистенција со пета на Вилијан, Абрахам ја смести топката во гостинскиот гол и донесе голема радост за фановите на трибините. 

Ниту водството не ги спречи „сините“ да продолжат со офанзивната игра, а наградата за тоа пристигна во 79. минута, кога Пулишиќ ги постави конечните 2-0. По вториот примен гол Кристал Палас не успеа да направи ништо посериозно, па мечот го заврши со само три удари кон голот на Кепа, од кои само еден беше директен. 

Состави

Френк Лампард

4-2-3-1

    Roy Hodgson

    4-3-2-1