Челзи продаде позајмен напаѓач за 20 милиони, Абрахам се сели меѓу „волците“

По купувањето на Кристијан Пулишиќ, шампионот на Англија од пред две сезони, Челзи богато продаде еден од своите фудбалери на позајмица. Младиот Тами Абрахам се договори со Вулверхемптон и ќе настапува за тимот на Нуно Еспирито Санто. 

„Волците“ испратиле понуда вредна 20 милиони евра за младиот напаѓач и клубот од „Стемфорд бриџ“ експресно ја прифати и водечкиот стрелец во Чемпионшип се враќа во Премиер лигата.

21-годишниот напаѓач, по потекло од Нигерија заминува од Астон Вила порано од предвиденото. Маурицио Сари не смета на напаѓачот во првиот тим, а понудата на Вулверхемптон е огромна и многумина сметаат дека Челзи направил добар бизнис. 

Абрахам постигна 16 гола во Чемпионшип сезонава и доаѓа во Вулверхемптон во врвна форма. Челзи веројатно ќе го продаде и Мичи Батчуаји, кој не се снајде во Валенсија и постои голема шанса дека ќе се врати во Премиер лигата.