ВИДЕО: Челзи повторно се „лизна“, дербито на северен Лондон без победник

Проблемите во редовите на Челзи немаат крај. „Сините“ ниту под водство на Маурицио Почетино не можат да застанат на здрави нозе и забележаа уште еден пораз во Премиер лигата, нивни трети оваа сезона. 

  • Челзи - Астон Вила 1-0:

Три бода славеше екипата на Астон Вила, која што во вториот дел ја искористи бројчаната предност на теренот и со голот на Оле Воткинс стигна до победа од 1-0. На стартот од вториот дел Челзи остана со играч помалку, откако Густо поради неспортски прекршок заработи директен црвен картон. 

Дербито на северен Лондон ги оправда очекувањата, но само на неутралните фанови на Премиер лигата, затоа што Арсенал и Тотенхем го поделија пленот (2-2).  Ромеро со автогол во 26. минута донесе водство за Арсенал, но пред полувремето Сон возврати и израмни на 1-1. Во вториот дел Сака од пенал ја врати позитивата на домаќините, но Сон повторно се најде во фокусот и со својот втор погодок на дербито му донесе бод на Тотенхем од гостувањето на „Емирати“.

  • Арсенал - Тотенхем 2-2:

На останатите два натпревари екипите на Ливерпул и Брајтон извојуваа идентични победи од по 3-1.

  • Ливерпул - Вест Хем 3-1: 

„Црвените“ беа поуспешни од залетаниот Вест Хем Јунајтед, додека Брајтон по пресврт славеше на соочувањето со Борнмут.

Состави

Маурицио Почетино

4-2-3-1

    Унаи Емери

    4-2-3-1