• Горан Упале

Екипата на Манчестер Јунјатед е последниот англиски патник во Лигата на шампионите во новата сезона. Гигантот од „Олд Трафорд“ вечерва ги собра потребните бодови против Челзи (4-1) и го затвори англискиот круг на учесници во европската елита.
- Извештај од натпреварот:
Дербито во Манчестер, кое што се играше во рамки од 32. коло, понуди многу возбудувања, атрактивен фудбал, една незгодна повреда и заслужена победа на „црвените ѓаволи“. Но, малку фалеше натпреварот да добие сосема подруг тек на настаните, доколку Мудрик не се посрамотеше уште во третата минута и не промашеше од изгледна ситуација. Скапото засилување на Челзи доби одлична топка од Хол и, иако пред себе имаше чист простор, биеше многу лошо.
Казната за промашувањето на украинскиот ас експресно пристигна, откако Касемиро со прецизен удар со глава го совлада Кепа и донесе водство за Јунјатед од 1-0. „Ѓаволите“ и покрај позитивата не остапија од офанзивниот стил на игра, а тоа им донесе уште еден погодок и Марисјал зголеми на 2-0.
Но, во редовите на Јунајтед немаше многу простор за славје, затоа што во 24. минута пристигна непосакуван проблем и тешка повреда на Антони.
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Сите мислеа дека повторно глуми, но Антони се здоби со страшна повреда
Ништо не се промени ниту во вториот дел. Челзи одново прв се закани и на неколку наврати го стави Де Хеа на маки, додека на спротивната страна „ѓаволите“ немилосрдно казнуваа. Во 73. минута Бруно Фернандеш се избори за најстрога казна и биеше прецизно за 3-0, додека по една голема грешка на Фофана на 4-0 зголеми Маркус Рашфорд. Во самиот финиш „сините“ конечно го најдоа патот до домашната мрежа и Жоао Феликс ги постави конечните 4-1.
До крајот на шампионатот преостанува уште едно коло – Јунајтед ќе се сретне со Фулам, додека Челзи го пречекува Њукасл.