ВИДЕО: Челзи поразен во Виена на дебито на Антонио Конте

Новиот менаџер на Челзи, Антонио Конте со пораз дебитираше на клупата на „сините“. По само три тренинзи со италијанскиот тим, комбинираниот тим на Челзи без учесниците на Европското првенство во Франција, загуби од Рапид Виена во едно мало планиско место во Австрија со 2-0 (1-0).

Конте им даде шанса на Тери и Диего Коста во стартниот тим, но голем број на фудбалери од младинскиот погон или оние кои се вратија од позајмица добија шанса во мечот. Бразилецот Жоелинтон во 8. минута со слалом низ англиската одбрана, го мина и Беговиќ и го отвори резултатот.

Иако во вториот дел момците на Конте играа подобро, по грубата грешка на Бранислав Ивановиќ, резервистот Томи Кореа во 82. минута погоди за финални 2-0. За 10 дена се очекува комплетирање на тимот со Куртоа, Кејхил, Фабрегас, Азар, Педро, Аспиликуета, Бачиауи и новајлијата Канте.