Челзи подготви парада за трофејот во ЛШ пред тестот со Тотенхем

Челзи

Европскиот првак Челзи ќе направи парада пред пријателскиот меч против Тотенхем, на која ќе се пофали со ланскиот трофеј во Лигата на шампионите.

Пандемијата стои на патот на победниците во најсилните натпреварувања да се радуваат на остварените успеси. Но, оваа сезона се очекува да биде различно, со оглед на намалувањето на позитивни случаи и масовната вакцинација низ цела Европа.

„Сините“ со Томас Тухел вторпат во историјата се израдуваа на престижната титула. Во финалето го совладаа Манчестер Сити со минимални 1-0.

Дуелот со градскиот ривал е закажан за 4 август. Сите финансиски средства од влезници ќе бидат искористени за хуманитарни цели.

Пред мечот со Тотенхем, Челзи ќе се сретне со Арсенал на 1 август.