Челзи подготвен да испрати мега-понуда за Федерико Киеза

Челзи

Екипата на Челзи посакува во своите редови да го има Федерико Киеза. Лондонскиот клуб уште сега размислува за понудата која ќе ја испрати до Фиорентина.

Планот на „сините“ е да понудат 95 милиони евра за младиот италијански офанзивец. Со тоа се надеваат дека ќе успеат да го доведат еден од своите фудбалери на денешницата.

Томас Тухел е голем фан на играта на 24-годишниот играч. Тој моментално е на позајмица од Фиорентина во Јуве, а „бјанконерите“ на крајот од сезоната сакаат да го откупат и да му понудат постојана соработка. Киеза го привлече вниманието на големите европски клубови во текот на летото, кога имаше неколку исклучителни настапи во дресот на Италија, која се израдува на титулата на Европското првенство 2020.

Офанзивниот фудбалер е посакуван поради неговата експлозивност, разноврсност и способноста да ги користи двете нозе кога се заканува пред противничкиот гол. Италијанецот постигна три гола и запиша исто толку асистенции на петнаесет натпревари оваа сезона.