ВИДЕО: Челзи по еден месец победи во Премиер, Вулверхемптон падна на „Стемфорд Бриџ“

Конечно насмевки на „Стемфорд Бриџ“. Челзи по пауза од пет кола извојува победа во Премиер лигата, откако во рамките од 22. коло во англиската елита  со сигурни 3-1 (1-1) го совлада составот на Вулверхемптон и се врати во зоната за Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот:

„Сините“ долго време не ја вкусија убавината на победата во најсилното клупско натпреварување во светот. Во последните пет кола забележа три реми исходи и два порази, па поради тоа менаџерот Мареска и неговите избраници беа на удар од страна на фановите. Сепак, некогашниот шампион на Англија во вистински момент реагираше и пред својата публика ја запиша единаесеттата овосезонска победа во Премиер лигата.

Стоперот Тосин Адарабиојо по двата гола во ФА Купот и вечерва се запиша во листата на стрелците и со својот гол во 21. минута на Челзи му донесе водство од 1-0. Но, до крајот на полувремето Доерти со својот втор овосезонски гол донесе израмнување за „волците“ (1-1). 

Во вториот дел уште еден дефанзивец погоди за домаќините и Кукуреља зголеми на 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Мадуеке во 65. минута. Со вечерашните три бода Челзи скокна на четвртата позиција на табелата, додека Вулверхемптон останува на седимнаесеттото место со ист број на бодови како Испвич, кој е во опасната зона.

Состави

Енцо Мареска

4-2-3-1

    Витор Переира

    3-4-2-1