ВИДЕО: Челзи одигра неубедливо, Велбек го шокира фаворитот среде Лондон

Челзи

Челзи скокна на втората позиција на табелата во Премиер лигата со денешното реми на домашен терен против Брајтон (1-1) во рамките на 20. коло од Премиер лигата. Сепак, тоа што го скокна Ливерпул, кој има натпревар помалку, не значи ништо за „сините“, бидејќи лидерот Манчестер Сити побегна на врвот на осум бода.

  • Извештај од натпреварот: 

Неколку првотимци не беа на располагање на Томас Тухел. Лондонскиот клуб попушти во завршницата и доби казна за опуштената игра од резервистот Дани Велбек.

Отворањето на резултатот се случи во 28. минута, кога Ромелу Лукаку скокна највисоко по еден корнер и со глава го израдува домашниот тим.

Гостите имаа свои шанси за израмнување, а на крај искористија една и тоа во надополнувањето. Адам Лалана и Алексис МекАлистер го тестираа Едуард Менди. Нивните удари не беа доволно прецизни за да завршат на вистинското место, но затоа Велбек успеа да погоди во вистински момент, кога фаворитот немаше време да одговори. Поранешниот англиски репрезентативец со глава го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 91. минута (1-1).

Во следното коло Челзи ќе ги одмери силите со Ливерпул, кој сега е трет со натпревар помалку во однос на конкурентите на врвот.

Состави

Томас Тухел

3-4-2-1

    Graham Potter

    4-2-3-1