Челзи нуди СТО МИЛИОНИ, но Јувентус не сака да чуе за продажба на ѕвездата од ЕП!

Екипата на Челзи е силно заинтересирана за услугите на Федерико Киеза, а според најавите започнале и преговори со Јувентус

Новинарот на германскиот „Билд“, Кристијан Фалк напиша дека „сините“ се спремни да платат 100 милиони евра, за во Лондон да го видат хитот од Европското првенство. Киеза има неверојатен потенцијал, а на континенталниот собир беше меѓу најдобрите играчи на Италија во походот кон европскиот трон. 

23-годишникот пристигна во Јуве за 60 милиони евра од Фиорентина, а клубот не размислува на заработка и покрај тешката финансиска состојба. Имено, иако Челзи понудил 100 милиони, од таборот на „старата дама“ веднаш го одбиле потенцијалниот трансфер и им ставиле до знаење на заинтересираните дека Киеза е „недопирлив“. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.