Челзи на поправен против Сити во финалето од Карабао Купот

Челзи Сити

Две недели по дебаклот на „Итихад“, Челзи и Маурицио Сари ќе се соочат со Манчестер Сити во финалето од Карабао Купот.

Екипата на Пеп Гвардиола ја освои титулата минатата сезона и ќе се обиде истата да ја одбрани против разнишаниот клуб од Лондон. Евентуална победа сигурно ќе го намали притисокот врз италијанскиот стручњак на клупата на „сините“, a постојат големи шанси Италијанецот да си замине на крајот од тековната сезона.

Џон Стоунс, Бенџамин Менди и Габриел Хесус поради повреди ќе го пропуштат овој меч, а Гвардиола одби да потврди кој ќе се појави на голманската позиција. Во претходните неколку рунди тоа беше Аријанет Муриќ, но со оглед на важноста на натпреварот, неговата одлука би можела да падне на првиот чувар на мрежата, Едерсон.

Под знак прашалник е настапот и на голманот кај противникот Кепа Аризабалага, кој го пропушти дуелот во Лига Европа оваа недела. Педро и Давиде Запакоста исто така имаат проблеми со болест и се неизвесни за денешната средба.

Двата тима имаат по пет трофеи од ова натпреварување во своите витрини, а пред нив е само Ливерпул, кој се радувал осум пати. Ова ќе биде нивно прво соочување во финален натпревар. „Граѓаните“ ќе се обидат да станат четвртата екипа која ќе ја одбрани титулата по Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Нотингем Форест. На Челзи не му годи да игра на „Вембли“, бидејќи оваа сезона загуби во три наврати - еднаш во Комјунити Шилд, еднаш во Лига Купот и последниот пат од Тотенхем во Премиер лигата.

Добрата форма на Сити ги натера обложувалниците да застанат на негова страна, па очекувањата се дека ќе има голови и дека повеќето ќе завршат во мрежата на тимот од „Стемфорд Бриџ“.