• Иван Димовски
Двократниот европски првак Челзи и првата опција за нападот Николас Џексон си подадоа рака за нова соработка.
Се работи за продолжение на договорот кој досега Сенегалецот го имаше на уште две години. Според новиот договор, Џексон и Челзи се договорија да соработуваат до 2033 година. Фудбалерот пристигна во Лондон минатото лето и парафира осумгодишна соработка. Сега клубот сакаше да го награди за добрите партии и тие го продолжија договорот.
This is just the start.
Chelsea is delighted to announce Nicolas Jackson has signed a two-year contract extension until 2033. pic.twitter.com/stzAMtHk6d
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 13, 2024
Овој модел на работа практично му дозволува на Челзи да ги „заобиколи“ правилата на Финансискиот фер-плеј. Сумите за трансфери и плати се разложуваат на многу години, Челзи сега веќе стандардно дава шест-седум-осумгодишни договори и тоа им годи за да ги балансираат финансиските книги.
Инаку, Николас Џексон е едно од засилувањата кои солидно се снајдоа. Досега сенегалскиот напаѓач на 48 официјални натпревари има 19 погодоци и 7 асистенции.