ВИДЕО: Минимален триумф на Челзи, Тотенхем се врати од 0-2 против Борнмут

Фудбалерите на Челзи минимално славеа против аутсајдерот Лестер Сити (1-0) и врзаа две премиерлигашки победи. Со овој триумф „сините“ го турнаа шампионот Манчестер Сити надвор од зоната на табелата надвор од Лигата на шампионите. 

  • Челзи - Лестер Сити 1-0:

Иако избраниците на Енцо Мареска се измачија во првиот дел, не успеаја да стигнат до предност. Промашен пенал запиша Кол Палмер во 22. минута, а на пауза се замина со почетните 0-0. По точно еден час игра Челзи го скрши отпорот на гостите со голот на Марк Кукуреља. Шпанскиот бек погоди од далечина по асистенција од Енцо Фернандез за 1-0, резултат кој подоцна се испостави како конечен исход. 

Ефикасно реми одиграа екипите на Тотенхем и Борнмут (2-2) на „Тотенхем Хотспур Стадион“.

  • Тотенхем - Борнмут 2-2:

Средбата во Лондон немаше голови до 42. минута, а тогаш Таверние донесе водство за гостите. Во вториот дел откако беше поништен гол на Џастин Клајверт, на 0-2 зголеми Еванилсон во 65. минута. Само две подоцна Маланг Сар намали на 1-2, а израмнувачкиот погодок беше дело на Хеунг Мин Сон во 84. минута од средбата за конечни 2-2.