• Саше Љолес
Екипата на Челзи славеше со 3-2 (2-1) над Лидс Јунајтед во осминафиналето од ФА Купот, а до триумфот дојде во самиот финиш на натпреварот, носејќи голема радост за домашните навивачи.
- Челзи - Лидс Јунајтед 3-2:
„Сините“ од Лондон не го започнаа мечот како што посакуваа и Лидс беше тимот кој го отвори резултатот. Гостите поведоа со 0-1 преку Џозеф во осмата минута, но бргу потоа дојде пресвртот во режија на Николас Џексон и Михајло Мудрик. Двајцата постигнаа по еден гол и Челзи на паузата водеше со 2-1.
20-годишниот Матео Џозеф повторно донесе голема радост за гостинскиот тим, кога израмни на 2-2 по петнаесет минути игра во второто полувреме. Се чинеше дека Челзи ќе им приреди нов шок на своите фанови, но така не мислеше Конор Галагер, кој го постигна победоносниот гол во 90. минута и ги постави конечните 3-2. Челзи во четвртфиналето од ФА Купот ќе се соочи со екипата на Лестер Сити.
- Ливерпул - Саутемптон 2-0:
Манчестер Јунајтед исто така обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во најмасовното натпреварување, откако славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Нотингем Форест. Стрелец на единствениот погодок беше Бразилецот Каземиро, кој биеше прецизно во 89. минута од натпреварот.
- Вулверхемптон - Брајтон 1-0:
Место во четвртфиналето има и за Вулверхемптон, кој славеше со 1-0 над Брајтон, а во ова друштво ќе биде и Ливерпул, кој лесно го мина Саутемптон со 3-0 и закажа мега-дерби со вечниот ривал, Манчестер Јунајтед.
- Нотингем Форест - Манчестер Јунајтед 0-1:
Натпреварите од четртфиналето се играат на 16 март.