ВИДЕО: Челзи конечно победи, Арсенал од 0-2 до лудо славје со Борнмут!

Премиерлигашкото саботно попладне понуди пет пресметки на кои имаше многу возбудувања.

Веројатно најинтересен беше мечот на „Емирати“ каде што лидерот Арсенал се врати од два гола дефицит и победи со Борнмут (3-2). Иако беше апсолутно подобар, тимот предводен од Микел Артета беше во незавидна положба и бркаше резултат. Долго Арсенал бркаше негатива, од самиот старт на натпреварот, беше пред неуспех и губење бодови, меѓутоа за огромно славје се погрижи младиот Нелсон.

  • Арсенал - Борнмут 3-2: 

Гостинот успеа да дојде до почетна предност по само 11 секунди игра, откако Билинг го матира Ремсдејл по одлична акција (0-1). „Топџиите“ бркаа негатива, меѓутоа не успеваа да се вратат до паузата. Во продолжението Сенеси ја удвои позитивата на Борнмут во 57. минута, а само пет минути подоцна стрела и Томас Парти за 1-2. Бргу дојде и израмнувачкиот гол на Бен Вајт, по што следеше целосна доминација. Арсенал не успеа да дојде до пресврт, а во неколку наврати играчите беа бесни бидејќи гостите играа со рака, но ВАР собата процени дека нема пенал. Практично во последните секунди, за неверојатно и лудо славје на Арсенал погоди Нелсон (3-2). 

По пауза од пет кола, екипата на Челзи конечно успеа да запише победа во Премиер лигата. „Сините“ на Грем Потер беа подобри од Лидс Јунајтед со 1-0 (0-0) на својот „Стемфорд Бриџ“. Пресметката во Лондон ја одлучи дефанзивецот Весли Фофана, кој по еден корнер на стартот на вториот дел со глава погоди за водство. Гостинот од Јоркшир немаше сили за кам-бек, па Челзи дојде до прекупотребната победа во првенството. 

  • Челзи - Лидс Јунајтед 1-0: 

Изненадувачки пораз запиша Тотенхем на гостински терен кај Вулверхемптон (1-0). „Петлите“ беа подобри од домаќинот на „Молинеу“, имаа повеќе шанси кои не ги реализираа и во финишот резервистот Адама Траоре го одлучи натпреварот.

  • Вулверхемптон - Тотенхем 1-0:

На останатите терени Астон Вила дома го совлада Кристал Палас со 1-0, а Брајтон го декласира Вест Хем (4-0). 

  • Астон Вила - Кристал Палас 1-0: 

„Фенерџијата“ Саутемптон попладнево на домашен терен го пречекува Лестер Сити. 

Состави

Микел Артета

4-3-3

    Гери О'Нил

    5-4-1