Челзи како Јунајтед: За нов менаџер ќе назначи легенда на клубот!?

Веќе подолг период се пишува дека Маурицио Сари ја заврши својата авантура во редовите на Челзи, и покрај тоа што италијанскиот стратег со своите избраници стигнаа до трофејот во Лига Европа и пак ќе играат во Лигата на шампионите. 

Наводно, лошата атмосфера во соблекувалната била најголемата причина за ваквата одлука на челните лица на Челзи, кои веќе размислуваат за нов предводник. 

Како што пренесуваат британските медиуми, „сините“ ќе одат по рецептот на Јунајтед и за замена на Сари ќе назначат нивна легенда. Се работи за Френк Лампард, кој зад себе незаборвна играчка кариера на „Стмфорд Бриџ“, а оваа сезона имаше фантастично деби како менаџер на Дерби Каунти. 

Доколку оваа опција пропадне, тогаш Челзи ќе тропне на вратата на градскиот ривал Вотфорд и ќе започне преговори со Хави Грасија.