• Зоран Мишевски
Лондонски Челзи изби на делбата на второто и третото место во Премиер лигата, откако во дерби дуелот од 13. коло ја совлада Астон Вила на „Стемфорд бриџ“ со 3-0 (2-0).
Момците на Мареска се растрчаа и постигна водечки гол уште во седмата минута. По акцијата на Кукуреља, на вистинското место се најде Николас Џексон и го матира Емилијано Мартинез (1-0). Аргентинскиот голман беше во центарот на вниманието и заради тоа што немаше свој ден. По серија на негови грешки големи шанси имаа Енцо Фернандез и Николас Џексон, а подобрата игра на „сините“ ја круниса токму Фернандез со гол за 2-0 во 36. минута. Во финишот на првиот дел Мартинез се повреди и на почетокот на вториот дел беше заменет со Олсон.
- Челзи - Астон Вила 3-0:
Второто полувреме беше со далеку помал интензитет, а најубавиот момент се случи во 84. минута, кога Кол Палмер со прекрасен гол со левата нога ги постави конечните 3-0. Ова е прв погодок по три сушно натпревари за англискиот напаѓач.
- Манчестер Јунајтед - Евертон 4-0:
Манчестер Јунакјтед го продолжи позитивниот тренд под новиот менаџер Рубен Аморин. „Ѓаволите“ лесно го совладаа Ееертон со 4-0 (2-0), а по два погодоци постигнаа Рашфорд и Зиркзе.
- Тотенхем - Фулам 1-1:
Од фаворитите за висок пласман не победи само Тотенхем, кој во лондонското дерби одигра 1-1 против Фулам. Џонсон ги доведе „петлите“ во водство, а во вториот дел израмни Том Керни. Колото се затвора попладнево со дерби дуелот на Ливерпул и Манчестер Сити.