Челзи ја „спасува“ Барса и испраќа понуда за Френки де Јонг

Челзи е подготвен да го реши случајот со Френки Де Јонг и ќе му понуди да игра во Лондон од претстојната сезона.

Тоа ќе значи дека Барселона конечно ќе се ослободи од холандскиот играч за врска. Од неговиот трансфер ќе се наполни касата доволно за да се регистрираат новите летни засилувања.

„Сините“ го сакаат Де Јонг бидејќи Н'Голо Канте и натаму не потпишал нов договор. Цената која ќе мора да ја платат за играчот на Барса изнесува 80 милиони евра.

Ако овој трансфер се оствари, каталонскиот тим би можел да тргне по Бернардо Силва. Португалецот ги договорил личните услови, останува само да се договорат Барселона и Манчестер Сити.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.