Челзи ја прифати стомилионската понуда, Азар е на пат кон Мадрид

Белгискиот фудбалер Еден Азар е веќе на пат кон Мадрид каде треба да го официјализира потписот со „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид достави стомилионска понуда, а Челзи ја прифати. Сумата е 99.9 милиони евра, а со додатни бонуси во договорот, истата може да достигне нешто околу 130 милиони евра.

Медиумите од Островот велат дека двата клуба веќе си подале рака, а фудбалерот е на пат кон шпанската престолнина за да стави потпис на договорот со Реал Мадрид.

28-годишниот Азар играше во Челзи од 2012 година, кога се пресели во тимот од француски Лил. За репрезентацијата на Белгија, крилото има 100 настапи и вкупно 30 постигнати погодока.