Челзи ја најде замената за Кепа, Лампард ќе плати 55 милиони евра за нов голман?

Уште од поодамна се шпекулира дека Френк Лампард сака да се ослободи од Кепа Аризабалага, голман кој пред две сезони Челзи го чинеше неверојатни 80 милиони евра.

Британските медиуми пишуваат дека неколку имиња се во мислите на младиот менаџер, но ниту едно од нив нема да биде ефтина варијанта.

За најсериозен кандидат се споменува Англичанецот Ник Поуп, но со оглед на тоа што 28-годишниот голман брани во фантастична форма, а има договор на уште три години со Барнли, овој трансфер ќе го чини Челзи најмалку 55 милиони евра. 

Сепак, се верува дека Челзи е подготвен да ја плати споменатата сума, затоа што луѓето во клубот и стручниот штаб ја изгубиле довербата и трпеливоста кај 25-годишниот Шпанец.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.