Челзи ја доведе конкуренцијата на Кепа, Менди пристигна на „Стемфорд Бриџ“

Екипата на Челзи одработи фантастичен трансфер-период ова лето. Своите редови ги засили со неколку квалитетни фудбалери, но јасно беше дека Френк Лампард ќе тргне и по засилување на голманската позиција. 

Најскапиот чувар на мрежата на сите времиња, Кепа Аризабалага, повеќе пати докажа дека не може да одговори во целост на премиерлигашките предизвици, па „сините“ беа приморани да го одврзат ќесето за нов голман.

Нивната потрага на крај заврши во Франција, односно во редовите на Рен. Од денес и официјално нов голман на Челзи е Едуард Менди, кој со поранешниот шампион на Премиер лигата потпиша договор на пет години.

Од оваа зделка францускиот прволигаш заработи солидно, односно 23 милиони фунти, плус бонуси. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.