Челзи има цел страшен тим повредени играчи вредни 440 милиони евра

Лондонски Челзи игра катастрофално на стартот на новата сезона и во првите пет кола на Премиер лигата освои само пет бода. Ниту Маурицио Почетино не успеа веднаш да го „изгасне пожарот“, а од рака не му одат ниту повредените играчи. 

Имено, во моментов „сините“ имаат голем број фудбалери од кои може да се склопи целосен и тоа респектабилен тим. 

  • Тимот на повредени играчи на Челзи:

Според „Transfermarkt“, вредноста на фудбалерите кои се повредени достигнува неверојатни 440 милиони евра, додека Челзи за нив платил 410. Само тројца потекнуваат од академијата (Рис Џејмс, Тревор Чалоба и Армандо Броја), додека на листата се скапите Нкунку, Каиседо, Фофана... Меѓу стативите е бесплатниот Бетинели, во одбраната се Џејмс, Фофана, Бадиашил и Чалоба. На средината подефанзивно се позиционирани новите имиња Каиседо и Лавиа, додека во офанзивниот дел Мадуеке, Чуквуемека и Нкунку, а најистурен е Броја.

„Искрено, никогаш не сум имал ваква криза со повреди во еден тим. Не можеме да сметаме на премногу различни играчи. Не е дека барам изговори, но тие би ни помогнале. Тешко е со толкав број на повреди во клуб каде што очекувањата се високи. 

Челзи секогаш очекува победи, но за да бидеме подобри, потребни ни се сите играчи. Јасно ни е што мораме, но мора трпеливо да почекаме и напорно да работиме да направиме силен тим. Кога сите ќе се опорават и екипата ќе биде комплетна, квалитетите не се под знак прашалник“, изјави Почетино. 

И покрај тоа што му недостигаат многу фудбалери, Челзи и натаму поседува голем број скапи и ценети имиња. Сепак, резервната клупа е доста ослабена и тоа веројатно претставува проблем за Почетино.