ВИДЕО: Челзи игра полетно, а Томори даде ЕВРОГОЛ кој уште долго ќе се раскажува! 

Новиот Челзи на чело со Франк Лампард игра фудбал за очи оваа сезона. „Сините“ на неколку пати докажаа дека без разлика на многуте проблеми со кои се соочија ова лето можат да се носат со секого во Премиер лигата, а новиот менаџер Лампард на секој натпревар има по некој адут и изненадување за противникот. 

Така беше денес, на дуелот на гости кај Вуливерхемптон, откако младиот Томори во својот втор настап за Челзи даде гол, кој уште долго ќе се прераскажува од преку 30 метри. 

Деби-голот на младиот 21-годишен дефанзвиец на Челзи против „волците“:

По првите 45 минути Челзи има водство од 0-2 против незгодниот Вулрверхемптон, откако во листата на стрелците се запиша и Абрахам.