ВИДЕО: Челзи и со втор тим до „петарда“ на дебито на Розениор

Фудбалерите на Челзи се пласираа воследната рунда од ФА купот откако на гостувањето кај Чарлтон славеа убедлива победа со 1-5 на дебито на новиот менаџер Лиам Розениор.

Лондонскиот тим и покрај тоа што настапи практично со втор состав од првата минута ја имаше иницијативата и ја контролираше играта. До предност лондончани стигнаа во судиското продолжение на првото полувреме кога Јорел Хато ја искористи една одбиена топка и погоди за 0-1.

Во вториот дел Челзи брзо го зголеми водството преку Тосин Адарабјојо, кој со удар со глава по корнер донесе 0-2, но Чарлтон успеа накратко да се врати во мечот и преку Либурн намали на 1-2. Сепак, „сините“ веднаш одговорија и Марк Гуиу погоди за 1-3, со што повторно воспоставија сигурна разлика.

Во финишот на натпреварот Педро Нето по одличен индивидуален потег постигна уште еден гол, а конечните 1-5 ги постави Енцо Фернандез од белата точка.

  • Извештај од натпреварот:

Со оваа победа Челзи успешно го започна периодот под водство на Розениор и обезбеди пласман во четвртото коло од најстарото натпреварување во Англија.