ВИДЕО: Челзи и Севиља со голови во финишот до славје и пласман во нокаут рундата на ЛШ!

Екипата на Челзи запиша нова победа во Лигата на шампионите, овојпат кај Рен од 1-2 (0-1) со што и математички си го обезбеди местото во осминафиналето. Погодокот на Хадсон-Одои во првиот дел не беше доволен, па Рен израмни преку Гираси. Сепак, Жиру стрелаше во финишот за момците на Френк Лампард да се радуваат на „Роажон Парк“. 

  • Рен - Челзи 1-2:

Натпреварот беше отворен со одлична шанса за Тимо Вернер, кој несвојствено за себе, промапи неверојатен зицер од само пет метри. Германецот биеше високо над голот од непосредна близина. Челзи не запре, одново се закани преку Мејсон Маунт, а голманот Гомис го спречи ударот. 

Предноста за „сините“ ја донесе Калум Хадсон-Одои, кој во 22. минута стрелаше за 0-1. Акцијата ја започна Маунт со одлично украдена топка длабоко во својата половина и прецизно го проигра крилниот фудбалер, а Хадсон-Одои сигурно реализира. 

Во второто полувреме, на теренот имаше поинаква слика. Рен ја презеде контролата на играта и почна да напаѓа, па статистиките беа на страната на Французите. Челзи погоди веднаш по стартот на продолжението, ама голот на Вернер беше поништен поради офсајд. 

Домаќинот беше поконкретен, се закануваше преку Гираси и Ниамси, ама Менди мудро го бранеше голот против поранешните соиграчи. Сепак, во 85. минута падна концентрацијата во одбраната на Челзи. Рен изведе корнер од десната страна, а нафрлувањето на Бургеод во гол со глава го претвори Сехру Гираси (1-1). Натпреварот не заврши ниту со голот на францускиот тим на пет минути пред крајот. Челзи сепак успеа да стигне до победата, која беше осигурана со погодокот на Оливие Жиру во 91. минута. 

Во оваа група се одигра и пресметката во Русија меѓу Краснодар и Севиља која заврши со победа на гостите од 1-2. Ракитиќ донесе предност за Шпанците на стартот со убав удар од околу 20 метри, ама тоа не беше доволно за победа. На стартот од продолжението нововлезениот Вандерсон успеа да погоди и израмни, а во финишот Мунир Ел Хадади погоди за победа.

  • Краснодар - Севиља 1-2: