Челзи и ПСЖ задоцнија за депонирање на трансферот на Хаким Зијеч!

Звучи неверојатно за тоа ниво на клубови, но Челзи и ПСЖ заради бизарна причина не го реализираа трансферот на Мароканецот Хаким Зијеч во Франција. Документите за позајмица кои биле потпишани од двете страни, не биле испратени навреме за да бидат регистрирани во Лига 1.

Хаким Зијеч вечерта ја минал во канцелариите на ПСЖ, дури и понудил финансиска помош, но трансферот не се реализирал. Ако не биде направен исклучок од француската лига, за Мароканецот да биде регистриран по завршувањето на преодниот рок, тој мора да се врати во Лондон. 

ПСЖ испрати жалба, па утре се очекува одговор на истата од челниците на елитната категорија на францускиот фудбал. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.