• Горан Упале
Саботното попладне во третото коло на ФА Купот мина во знакот на фаворитите, но и на едно големо изненадување. Најубедлив од премиерлигашите беше Челзи. „Сините“ во својот дом со 5-0 го совладаа составот на Морекамб, а во тимот на Мареска блеснаа Адарабиојо и Жоао Феликс со по два гола. Прво Нкунку не реализира најстрога казна, па голеадата на „Стемфорд Бриџ“ ја најави Адарабиојо со погодок во 38. минута. Во вториот дел Нкунку зголеми на 2-0, па Адарабиојо со својот втор денешен гол донесе убедливи 3-0. Последните два гола за Челзи ги постигна Жоао Феликс во 75. и 77. минута од натпреварот.
- Челзи - Морекамб 5-0:
Сигурен беше и тимот на Брајтон, кој на гостувањето кај Норич триумфираше со 0-4. Во првото полувреме главен актер на теренот беше Рутер со два гола, а во второто полувреме домашната мрежа ја затресоа уште Енцисо и Марч.
- Норич - Брајтон 0-4:
Борнмут прв прими гол, но потоа испука петарда во мрежата на ВБА (5-1). Тимот од Чемпионшип поведе преку Тејлор (0-1), а потоа на сцена стапија Клајверт и Уатара (2). По паузата на 4-1 зголеми Семењо, а конечните 5-1 ги постави Даниел Џебисон. Убедлив беше Лестер Сити на Руд ван Нистелрој и убедливо го совлада Квинс Парк Ренџерс со 6-2.
- Лестер Сити - Квинс Парк Ренџерс 6-2:
Хитот во Премиер лигата Нотингем Форест без многу проблеми славеше над Лутон, додека најголемото изненадување го приреди Плимут, кој на гости славеше кај премиерлигашот Брентфорд со минимални 0-1.