Челзи и Ајакс се договорија: Зијеч се сели на „Стемфорд бриџ“ за 40 милиони!

Можеби веќе два преодни рока не доведоа ниту едно засилување, но челниците на Челзи започнаа со планирањето на следната сезона. Френк Лампард е на прагот да добие големо засилување за шампионатот 2020/21. Англиските медиуми објавија дека клубот од „Стемфорд бриџ“ се договорил со холандскиот шампион Ајакс, за сума од 40 милиони евра, мароканскиот напаѓач Хикам Зијеч да се пресели во Лондон.

Минатата сезона 26-годишниот Зијеч потпиша нов договор до 2022 година во Амстердам, а од договорот беше отстранета клаузула за заминување од клубот. Сега Челзи за релативно скромно обештетување може да добие одличен млад фудбалер кој во последните сезони се наметна во Европа. 

Одличната мината сезона на Ајакс му донесе двојна титула во домашното првенство. Зијеч постигна 21 гол и додели 24 асистенции на 49 натпревари. Сезонава екипата на Тен Хаг е лидер, но испадна од групната фаза на Лигата на шампионите и ќе игра во Лига Европа.  

Голем број на таленти на „копјаниците“ одлучија да ја променат средината минатото лето, по полуфиналниот пласман во Лигата на шампионите и одличните игри минатата сезона.