ВИДЕО: Челзи го совлада Њу Ингланд, но го загуби Лофтус-Чик

Фудбалерите на Челзи го совладаа Њу Ингланд Револушн во пријателски меч со 3-0, кој се играше во Бостон, но лоша вест за Маурицио Сари е повредата на Рубен Лофтус-Чик.

Резултатот на натпреварот го отвори Рос Баркли уште во третата минута, додека Оливие Жиру во 29. минута ја дуплира предноста на „плавите“. Повредата на Лофтус-Чик се случи во 24. минута, кога со болна гримаса мораше да го напушти теренот. Конечните 3-0 со својот втор погодок ги постави Баркли во 62. минута.

  • Извештај од натпреварот:

По завршувањето на мечот, Лофтус-Чик со помош на штеки го напушти стадионот во Бостон и неизвесно е дали ќе биде подготвен за финалето на Лига Европа во Баку, против Арсенал.

  • Напуштањето на стадионот на повредениот Лофтус-Чик: