Челзи го „прецрта“ својот најдобар фудбалер за европските настапи

Изненадувачка одлука донесе тренерот на Челзи, Енцо Мареска, а поврзана со списокот на фудбалери пријавени за настап во Европа. 

„Сините“ ќе се натпреваруваат во Конференциската лига на УЕФА, па веќе тренерот го поднесе списокот на играчи за главната фаза од ова натпреварување. Интересно, од списокот е изоставен најдобриот фудбалер на Челзи за минатата година, Кол Палмер. 

Покрај Палмер, од тимот изостанаа скапите засилувања Весли Фофана и Ромео Лавиа, како и Бен Чилвел. 

Одлуката на Мареска се објаснува како обид да го зачува своето најголемо оружје од премногу натпревари. Челзи ќе се натпреварува во сите англиски купови, а приоритет со сигурност ќе биде и Премиер лигата. Згора на сè, по крајот на сезоната следи и Светското клупско првенство кое ќе трае еден месец од јуни до јули.