Челзи го нуди Вернер во замена за Де Лихт

Вернер

Челзи силно посакува да ја засили одбраната со Матијс Де Лихт. Младиот Холанѓанец ќе треба да го пополни празното место кое го остави Антонио Рудигер, кој замина во Реал Мадрид.

Според „Скај Италија“, лондонскиот тим го понудил Тимо Вернер во замена за дефанзивецот. 22-годишникот е желба на Томас Тухел, кој ќе брка успеси со сосема различен ростер во однос на ланската сезона.

Германскиот напаѓач не е миленик кај својот тренер. Меѓутоа засега двете страни се далеку од договор, бидејќи италијанскиот гигант смета дека покрај Вернер, лондонската екипа ќе мора да понуди и дополнителен паричен надоместок.

Нема сомнеж дека преселба во Торино ќе донесе свеж воздух за талентираниот германски фудбалер. Меѓутоа таму ќе наиде на конкуренција во Душан Влаховиќ и Алваро Мората.