ВИДЕО: Челзи го истури бесот врз Саутемптон, Брајтон ги изненади „топџиите“

Премиер лига

Саутемптон ја плати цената за лошото издание на Челзи во Лигата на шампионите и загуби со убедливи 0-6 (0-4) пред своите гледачи. Уште во првиот дел „светците“ се распаднаа и четири пати ја вадеа топката од својата мрежа. Маркос Алонсо ја отвори серијата погодоци, а до крајот на полувремето во листата на стрелци се запишаа Тимо Вернер, Каи Хаверц и Мејсон Маунт.

  • Саутгемптон - Челзи 0-6:

Вернер неколку пати ја погоди рамката од голот, па може да жали за повеќе погодоци зад своето име. Германскиот напаѓач постигна втор гол, а Маунт го дотолчи ривалот на почетокот од вториот дел, кога го постави конечниот резултат.

Чекор назад во борбата за првите четири места направи Арсенал со поразот на домашен терен од Брајтон (0-2). Фудбалерите на Микел Артета со третиот неуспех во последните четири меча си ја искомплицираа работата во битката за Лигата на шампионите.

  • Арсенал - Брајтон 0-2:

Лошото издание на лондонскиот тим го искористија гостите. Тие поведоа со голот на Трусард во првиот дел, а нова казна за домашната одбрана сервира Мвепу во 67. минута од мечот. Претходно погодок за реми на Мартинели беше поништен поради офсајд позиција, а Одегард во 90. минута донесе мала утеха за навивачите.

Добриот момент на Лидс Јунајтед продолжи кај Вотфорд (0-3). Директниот судир за опстанок им припадна на избраниците на Марсело Биелса. Еден гол на Рафиња во првиот и потврда на победата на Родриго и Харисон во вториот дел беа доволни за гостинско славје на „Викариџ Роуд“.

  • Вотфорд - Лидс Јунајтед 0-3: 

Попладнево на „Вила парк“ се игра дуелот меѓу Астон Вила и Тотенхем

Состави

Ралф Хасенхутл

4-3-1-2

    Томас Тухел

    3-4-3