Челзи ги прекина подготовките во Ирска поради можен позитивен ковид-случај

Челзи

Потенцијален позитивен случај на еден од фудбалерите го натера Челзи да го прекине подготвителниот период во Ирска.

Сомнителниот играч веднаш е изолиран од групата и е сместен во краток карантин. Поради тоа тимот се враќа во Лондон четири дена порано од планираното.

Пред да се судрат со Виљареал во европскиот Суперкуп, фудбалерите на Томас Тухел ќе тестираат против Борнмут, Арсенал и Тотенхем. Во првото коло од Премиер лигата, актуелниот европски првак ќе се надигрува со Крисал Палас.

„Сините“ имаа 17 играчи на Европското првенство, повеќе од кој било друг клуб во англиската елита. Во моментов екипата е без Тиаго Силва, кој доби пауза поради настапот на Копа Америка.