• Горан Упале
Младиот американски фудбалер Кејлеб Вајли потпиша шестгодишен договор со англискиот премиерлигаш Челзи, соопшти лондонскиот клуб.
Челзи не открива финансиски детали, но британските медиуми пренесуваат дека неговиот поранешен клуб Атланта Јунајтед ќе добие околу девет милиони евра обештетување.
19-годишниот дефанзивец е производ на академијата на Атланта, дебитираше во МЛС лигата во 2022 година, а досега има 85 настапи и шест постигнати гола. Тој го имаше своето деби за селекцијата на Соединетите Американски Држави минатата година во ремито против Мексико.
Тој во моментов со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави се подготвува за олимпискиот турнир во Париз.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.