Челзи добива нов член во нападот

Тренерот Гус Хидинк во јануарскиот преоден рок својот тим најверојатно ќе го засили со напаѓачот Патрик Бамфорд. 22-годишниот Бамфорд во текот на сезоната настапуваше како позајмен играч од Челзи во Кристал Палас.

За екипата на Кристaл Палас, поранешниот млад репрезентативец на Англија, одигра само шест натпревари на кои не се запиша во листата на стрелците. Медиумите од Британија јавуваат дека Бамфорд ќе се врати во Челзи, за кој во 2012 година го потпиша првиот професионален договор, но не одигра натпревар за првата екипа на сините од „Стемфорд Бриџ“.

Освен за Кристал Палас во кариерата настапуваше и за Нотингем Форест, Милтон Кејн, Дерби Коунти и Мидлзборо. За младата селекција на Англија настапи два пати без да постигне погодок.