Челзи доби добри вести: Де Брујне неизвесен за дербито на „Итихад“

Де Брујне

Како што моментално стојат работите, Кевин Де Брујне ќе го пропушти дербито во Премиер лигата против екипата на Челзи. 

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити настапи на претходните два меча, но Пеп Гвардиола вели дека не сака да ризикува со него и да му дава максимална минутажа на секој натпревар.

„Кога некој играч правел долга пауза, мора понекогаш да носам тешка одлука. Не би сакал да го користам на секој натпревар, еден по друг. Постои можност да не заигра на мечот против Челзи“, рече шпанскиот тренер.

27-годишниот белгиски интернационалец го пропушти поголемиот дел од тековната сезона поради тешката повреда на лигаментите на коленото.