• Иван Димовски
Челзи во вториот дел го скрши отпорот на Вулверхемптон и слави со 3-0 со головите во вториот дел во 11. коло од Премиер лигата. „Сините“ не успеаја да се наметнат во првиот дел од средбата, ама потоа забележаа сигурен триумф над „волците“ во ова натпреварување.
- Извештај од натпреварот:
По првиот дел немаше резултатски промени немаше, иако „сините“ беа подобар ривал. Челзи успеа да поведе со голот на Мало Густо во 51. минута од средбата. Во продолжението „сините“ ја удвоија позитивата со голот на Жоао Педро во 65. минута од средбата.
Во финишот на на натпреварот точка на победата стави Алехандро Гарначо кој во 73. минута ги постави конечните 3-0.
„Сините“ скокнаа на втората позиција со 20 бода, а водечкиот Арсенал ремизира со Сандерленд








